Охридскиот боксер Наум Стојаноски најборбен на „Златен гонг“
17.11.25 13:06
Изминатиот викенд во Скопје по 54 пат беше одржана традиционалната боксерска манифестација „Златен гонг“. На овој престижен меѓународен боксерски турнир учество зедоа натпреварувачите од неколку боксерски земји меѓу кои беа Англија, Молдавија, Австрија, Бугарија, Турција, Хрватска и други.
Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски” учество зеде преку својот претставник во 70 килограми Наум Стојаноски како дел од Македонската репрезентација.
Во финалната пресметка Наум ги вкрсти ракавиците со шампионот на Англија, Рио Гордон од кој беше поразен во една тесна лавовска борба. На крајот мораше да се помири со сребрениот медал и пехарот за најборбен боксер кој им беше доделен на обајцата боксери. Инаку освојувач на овогодинешниот Златен гонг беше македонскиот боксер Ален Рустемовски од Битола, додека признанието за најдобар домашен боксер го доби неговиот брат Адријан Рустемовски.
Следниот предизвик за Стојаноски е меморијалниот турнир „Великани лозничког бокса“ кој ќе се одржи следниот викенд во Лозница, Србија.
Bо рамките на 80-годишното работење на Црвениот крст на РМ во Охрид се одржа првиот натпревар за спасители на вода На овој пионерски настан своите сили и вештини си ги одмерија професионални спасит...
Светата православна црква денеска го слави празникот посветен на Светиот пророк Захарија и праведната Елисавета Таткото на Свети Јован Предвесник Син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмат...
Сончево со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност Максималната температура ќе достигне до 27 степен...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.