Од денеска, охридскиот боксерски клуб „Алексо Огненовски“ ќе ги реактивира тренинзите и ќе продолжи каде што застана пред прекинот на сите активности поради пандемијата на коронавирусот.

Официјално од денеска ги реактивираме тренинзите. Продолжуваме каде што застанавме. Боксерите тренираа по одредена програма специјално подготвена за секој боксер посебно. Планот на подготовките е прво физички а потоа ќе работиме на техника и другите пропратни работи во боксот. – изјави тренерот Владими Цекиќ.

Тој ја искористи можноста и ги поздрави спонзорите „Кадмо Плажа“ и Хотелот и рестораните Белведере за помошта додека траеше паузата и претходно кога клубот се натпреваруваше во националниот шампионат и меѓународните турнири.

Следен предизвик на боксерите од охридскиот клуб ќе биде Четвртиот куп на нации во Врвас, Војводина. На турнирот во Србија ќе учествуваат најдобрите боксери од целиот свет а охридскиот клуб ќе учествува со Енис Алиу и Марија Мацеска.

OhridNews