После одличните настапи на Васил Хаџиманов бенд и Костас Теодороу квартетот, Охридскиот џез фестивал овој викенд ќе ја почести публиката со два исклучителни настани, кои ќе се случуваат во клубот “Jazz Inn” Вечерва со почеток во 23.00 часот во “Jazz Inn” гостите ќе ги забавува македонскиот Ди Џеј Костадин Шурбановски – DJ Shurbeira , со ритамот на повеќе бразилски-џез стилови.











