Охридската фудбалска школа “Фер Плеј“ викендов е домаќин на соодветната фудбалска школа на Раднички Крагујевац.  Остварената посета е прва од ваков тип и целта е ваквата пракса да продолжи и во иднина кога младите охриѓани ќе заминат на возвратна посета.

Прекрасно сме примени во Охрид,  и ние како стручен штаб, и децата се воодушевени  овде.  Ќе одиграме  еден двомеч, но во овие натпреварите во оваа фаза резултатите не се од толкаво големо значење, туку најважно е во оваа фаза децата да ги научат основите и правилата на фудбалската игра -рече Владимир Живановиќ, тренер на генерацијата фудбалери 2001/02 година

Две фудбалски категории ќе ги вркстат копјата во Охрид. Генерациите 2001/02 и 2002/03.- Ние доаѓаме од Крагуевац, наша цел е оваа соработка да продолжи и напролет кога во месец Април охриѓани ќе дојдат на гости кај нас. Очекувам ова да прерасне во долгогодишна традиција, тоа ќе биде добро за децата кои ќе имаат можност да запознаат нови другарчиња, а секако и за нас тренерите кои ќе може да размениме доста искуства – истакна  Владимир Николиќ, тренер на генерацијата 2002/03 година.

Од охридскиот спортски клуб “Фер Плеј“ кој е домќаин на своите врсници од Србија, сметаат дека ваквата пракса може само да помогне во што подоброто и побрзото напредување на своите членови во тајните на фудбалската игра. – Во овие два дена ќе одиграме серија натпревари според стандардите на УЕФА за мечеви од оваа возраст. Очекувам во соработка со локалната самоуправа и одговрните луѓе за спорот во градот да ги даде посакуваните резултати – потенцираше Игор Настески од “Фер Плеј“.


Охрид и Крагуевац како градови се збратимине повеќе години. Покрај соработката на повеќе сфери на ред дојде и спорот, овај пат преставен преку фудбалот. – Покрај гостувањата на фудбалерите планирана е и посета на нивните прволишки екипи во одбојка и кошарка. На располагање ќе ги имаат нашите терени за нивни подготовки, а во понатамошната соработка ќе се одиграат и неколку официјални натпревари. Се надевам дека ваквата соработка еден ден ќе им овозможи на охриѓани да трансферираат во некоја од нивните екипи – рече Владо Чингоски , советник на охридскиот градоначалник.

1-1 е скорот по првиот ден од натпреварите. Во првиот меч охриѓани победија со 5-2, додека во мечот од генерациите 2002/03 гостите славеа со 2-1. Претпладнево ќе се одиграат и вторите натпревари по што ќе следува заедничка еккуризја.

М.Постоловски