Името на чуварот на мрежата на охридскиот ракометен клуб, Никола Даниловски, се најде на списокот од селекторот Данило Брестовац за ЕХФ неделата. Даниловски, со одличните и пред се континуирани настапи во дресот на Охрид, комплетно го заслужи местото во репрезентацијата.

ЕХФ неделата, селекторот, ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија. За време на подготовките ќе се одиграат и два контролни тренинг натпревари од затворен карактер, против репрезентацијата на Чиле.

Собирот е закажан за 3 јануари, а, на списокот недостасуваат капитенот на Вардар Стојанче Стоилов, голманот Борко Ристовски и Дејан Манасков.

Списокот:

Списокот на селекторот Данило Брестовац за ЕХФ неделата

OhridNews