Охридскиот градскиот мешан хор Vox Lychnidos во периодот што претстои ќе гостува во Црна Гора и Романија. Од 6-ти до 8-ми октомври ќе учествуваат на осмиот Меѓународен хорски натпревар што ќе се одржува во Херцег Нови.

Диригентот на хорот Бурим Хидри потенцира дека имаат подготвено посебна програма за овој натпревар и  ќе ги изведат композициите „Sicut cervus“, „Konj“, „Besame musho“, како и „Капетан“ од охридскиот композитор Гоце Гарвиловски.

Настапот е во сабота, на 7-ми октомври, а сцената ќе ја делат со хорови од Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. На фестивалот се натпреваруваат 20 машки, женски и мешани хорови од девет земји.

Хидри изрази надеж дека ќе имаат одличен настап и се надеваат на освојување награда.

По враќањето од Црна Гора хористите продолжуваат со редовните проби и ќе се подготвуваат за учество на фестивал во Темишвар следниот месец.

OhridNews