По 2- годишна пауза, еден од најпознатите сместувачки капацитети на охридската ривиера, хотелот „Ривиера“, повторно ќе ги отвори вратите за гостите.
Имено, од денеска со х.„Ривиера“ ќе стопанисува фирмата „Теди комерц“ ДООЕЛ – Охрид, под чија капа успешно работат хотелот „Десарет“ и авто-кампот Љубаништа.
Охридскиот хотелски бренд „Ривиера“ за првомајските празници повторно во функција
Како што ни изјавија одговорните во фирмата, денеска бил потпишан договор за закуп на хотелот „Ривиера“ со „Комерцијална банка“, во чие владение е овој туристички капацитет. Согласно договорот, „Теди комерц“ ќе стопанисува со хотелот „Ривиера“ во следните 5 години.
Во хотелот „Ривиера“ во тек се подготовки за повторното отварање, кое според најавите треба да се случи за првомајските празници.
Покрај хотелско сместување, „Ривиера“ ќе нуди и ресторански услуги, а во функција ќе биде ставена и летната тераса каде ќе има нови содржини.