Охридскиот кафе бар „SU“ во конкуренција со кафе барови од целиот свет на престижниот избор „The Worlds 100 best coffee shops“ во склоп на Мадридскиот кафе-фестивал.

Ни пристигна одлична вест од Мадрид дека нашиот кафе бар е избран да биде во конкуренција за најдобрите 100 светски кафе барови! Драго ни е што нашата љубов и пасија за кафето е препознаена од светските експерти, а сега ни е потребна ваша помош да влеземе во 100те најдобри во светот!, велат од „Su“.

Љубителите на кафе од целиот свет се поканети да гласаат преку интернет. Секој поединец може да гласа за своите омилени кафулиња врз основа на своите лични искуства на линкот.

Кафулињата со највисоки комбинирани оценки од гласањето на јавноста и експертите ќе бидат прогласени за најдобри кафулиња во светот. Конечните резултати ќе бидат претставени како рангирана листа од 1 до 100.

Н.С.Ј.