Охридскиот композитор Гоце Гаврилоски, втора година по ред освојува две награди во Русија, а овојпат со прво место се враќа од шестиот Меѓународен натпревар за композитори оддржан во Санкт Петербург.

„Особена благодарност сакам да изразам кон моите професори: м-р Гоце Коларовски и д-р Тома Манчев, кои во текот на моите студии, а и подоцна, многу допринесоа за моето усовршување во полето на композицијата и оркестрацијата, личности кои со својата професионална и несебична континуирана поддршка подеднакво допринесоа за овие резултати.“ – вели Гаврилоски.
Инаку, на 3-ти мај во Хамбург Германија, композиторот Гоце Гавриловски ја имаше светската премиерна изведба на делото „Дај Дуни“- за сопран и пијано, на концеротот насловен како „Балканските ритмови – културни празници“.
OhridNews












