Новоформираниот кошаркарски клуб Охрид од септември планира да започне со тренинзи во младинските категории. По тој повод клубот стартуваше со упис на членови од 5 до 16 години.

Дечињата поделени во три возрасни категориии ќе тренираат ширум спортските сали во Охрид под водство на лиценцирани, млади и перспективни тренери.

За подетални информации околу пријавувањето и клубот можете да добиете на следниве броеви 078 526 578 (Антонио) и 078 213 483 (Дејан).

OhridNews