Менаџерот на бугарскиот атлетски тим “Павлов” , Горѓи Павлов е задовлен од она што го видел и што го нуди Охрид, и тој ги истакна потешкотиите со кои се соочиле при стартот на организацијата на интернационалниот митинг.  

 

– За охридскиот митинг да влезе во европската карта на митинзи потребни се многу финасиски средства. Само за илустрација ќе ви кажам дека нашиот митинг има буџет од околу 120 илјади евра, од кои 40 илјади одат за наградниот фонд. Охрид технички ги исполнува условите, стадионот е одличен, стазата е нова, но за еден по силен меѓународен турнир потребно е да биде ставен во функција и охридксиот аеродром бидејќи најголемиот дел од странските атлетичари доаѓаат со авион. Сепак мислам дека сте тргнати  по правиот пат, а со помош од институциите лесно ќе влезете на европската мапа – истакна Ѓорѓи Павлов.

На првиот митингот во Охрид ќе настпат дел од најдобрите атлетичари од Бугарија, тие велат дека  се овде во Охрид на натпрварот за кој сметат дека има европска перспактива. Бугарските атлетичари овде ќе ја отворат сезоната и се надеваат дека охридскиот митинг ќе повлече нога и ќе им донесе многу среќа и успешна сезона .

Бугарската атлетика одамна не е нивото кое го држеше во деведесетите години од минатиот век, кога беа постигнати светски рекорди кои се уште се актуелни , Стефка Костадинова ( 209 цм, скок во височина), и Јонка Донкова (110 метри со пречки, 12.21 сек)


– Во моментов имаме десетина атлетичари кои може да се токмат со атлетските звезди на европското небо. Она што е потребно е да се инвестриа во инфраструктурата, атлетските патеки се дотраани, а само во неколку градови во Бугарија има модерни стази , на кои може да се бркаат резултатите. Имаме одличНа традиција имаме добри тренери имаме талентриани атлетичари и мислам дека со правилна организација може да се вратиме онаму каде што бевме со светскки рамки – заврши Павлов.