Здружението на музичари „ОХРИДСКИ МУЗИЧКИ ЕСНАФ“ на изборното Собрание, што се одржа вчера во големата сала на Општина Охрид, за нов претседател го избра Венко Пашовски, кој доаѓа на местото на Игор Бежаноски, кој ја извршуваше оваа фунција во изминатиот период.
Исто така, избрано е и ново раководство на „Охридскиот музички еснаф“ во состав: Ѓоко Танески, Милован Секулоски, Петар Трајаноски, Ненад Мургоски, Кирил Белистојаноски, Кирил Аслимоски и Марко Михајлов.
Една од најважните програмски определби усвоени на ова Собрание е иницијативата за основање на Сојуз на музички здруженија, легализирање на дејноста и остварување на институционална соработка со надлежните за оваа проблематика. – велат од Здружението на музичари „Охридски музички еснаф“.

Г.М.














