Охридскиот нуркач Јован Секулоски од Нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид дел од серијата наречена „Sources of Life” која ќе се емитува на телевизијата ARTE.

Станува збор за ТВ-емисија од седум епизоди која се фокусира на европските езера вклучувајќи го и Охридското Езеро. Во епизодите се истражуваат природните убавини на езерата во текот на целата година, уникатноста на нивната флора и фауна, но и влијанието на климатските промени на нивните екосистеми и што може конкретно да се направи за да се спречат овие ефекти, вели Секулоски.

Првата сезона ќе се емитува на француско-германскиот канал ARTE оваа есен, а втората сезона следната година во летниот период.

OhridNews