
На седницата не присуствуваа министерот за правда Блерим Беџети и претседателката на Судскиот совет Александра Зафировска. Говорејќи за слабостите на Вишиот управен суд суд и несовладувањето на приливот на предмети, судијата известител Киро Здравев предложи мерки кои судот мора да ги спроведе во наредниот период. Претседателката на врховниот суд Лидија Неделковска се пожали на кадровска неекипираност на судовите.
Седницата на Врховсниот суд ќе трае два дена, по што ќе се донесат заклучоци за работата на судовите.
OhridNews
извор: Телма











