Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид учествува во имплементацијата на програмата „Зајакнување на младинското учество“ на Сојузот на Извидници на Македонија, која е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Реализацијата на оваа програма започна во февруари 2015 и трае се до јуни годинава, при што младите ја имаат главната улога во креирањето на подобро општество и место на живеење.
Преку креирање на активности за директно соочување со реалните општествени потреби младите ја преземат улогата на креатори на квалитетно општество. Со вмрежување на други организации и граѓани и со поддршка од локалните институции преземаат сериозни чекори за поквалитетно место на живеење со што позитивно ќе допринесат како на локално така и на национално ниво.
– На самиот почеток извидниците во неколку општински училишта изработија и поставија кутии за идеи во кои што децата и младите можеа да ги достават своите предлози за подобрување на квалитетот на живеење. По заклучокот од доставените идеи и по средбата со надлежните од Општина Охрид се дојде до заклучок покрај другото да се реализира и активност за: уредување и доизградба на ботаничката градина во централната градинка „Јасна Ристеска” во Охрид каде што извидниците со помош на возрасните во извидништвото и членови од клубот на млади при Црвениот крст од Охрид успеаја да создадат подобри услови на најмладите од градинката за да можат и понатаму практично да учат за хранливите растенијата и нивните вредности во исхраната, информираат од „Пионер“.
OhridNews














