Охридскиот пливачки маратон, најквалитетниот традиционален спортски натпревар во Македонија, идната сезона ќе се одржи на 11 август. Тој ќе биде последниот од Гран при-серијата маратони на Светската пливачка организација (ФИНА). Гран при-серијата ќе почне на 22 јануари, традиционално, во Аргентина, на трката во Розарио.


На календарот на елитното натпреварување во пливачки маратон, има само осум трки и Охридскиот маратон ќе биде големото финале на Гран при-серијата. И сезонава како и минатата наградниот фонд на Охрид е 25.000 долари, што е втор најголем награден фонд, по Лак Сен Жан во Канада, кој има 40.000 долари.


Победник на маратонот во Охрид лани беше Бугаринот Петар Стојчев, Томи Стефановски беше втор, а Евгениј Поп Ацев трет.

Ohridnews