Охрид е место со голем потенцијал за развој на руралниот туризам смета Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој се обрати на Годишната конференција на програмата „Препаре“ посветена на руралниот економски развој.

-Само планината Галичица и селата на нејзините падини имаат огромен потенцијал за развој на селскиот туризам, рече Димовски.
 
Тој појасни дека неговото Министерство остварило контакти со жители на селото Завој, кои биле  заинтересирани за вложување во руралниот туризам.

Ние сме подготвени и за таква соработка и колку што сме во можност навистина, не да ги потикнеме, туку конкретно да им помогнеме со овие средства што ни се на располагање, додаде Димовски.

Тој ги охрабри жителите од охридскиот регион  да се преориентираат кон проиизводството на органска храна, која, како што рече, има олеснет пласман на странскиот пазар, како и далеку повисоката цена, Министерот Димоски ги повикува сите заинтересирани за добивање на средствата што се нудат преку претпистапните фондови на ЕУ, да побараат помош од Министерството за совет и појаснување околу начините како да дојдат до тие фондови.

OhridNews