Викендов што е зад нас во Универзалната сала во Скопје, се одржа големо стенд ап шоу на кое заедно со македонската стенд ап елита настапи познатиот охридски актер и комичар Никола Тодороски.
Неговиот настап ја одушеви публиката во преполната Универзална сала, која Никола го награди со овации.
Ова е втор стенда ап настап на Никола во Скопје кој привлекува големо внимание. Тој неодамна имаше соло настап во Универзална, која беше целосно исполнета.
Својот исклучителен квалитет Никола го потврди и на двете шоуа што во ноември ги организираше OhridNews во Центарот за култура во Охрид, кој беше претесен да ги прими сите љубители на стенд ап комедијата. Делови од тоа шоу се емитуваат во третата сезона од популарната веб серија „Идиотека“, што ексклузивно се прикажува на OhridNews, со премиера на нова епизода во петоците.