Претпладнево, делeгација на Црвениот крст од Охрид и Здружението ” Анри Динан” од Струга положија свежо цвеќе пред бистата на овој голем хуманист во Охрид, која се наоѓа пред седиштето на Црвениот крст.



На 8 мај 1828 година роден е Анри Динан,  основоположникот на идејата за формирањето на Црвениот крст. Во негова чест, 8  мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а  неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

М.П.