По самостојните изложби во Париз и Венеција минатата година, охридскиот ликовен уметник Сашо Блажес наскоро ќе одржи самостојна изложба во Музеј на Град Скопје, насловена како „Нурни во мене“. Изложбата се реализира на покана на кустосите Гордана Велков и Маја Чанкуловска како и директорот на Музеј на Град Скопје Панче Велков.

Куратор на изложбата е Гордана Велков а текстот е на Камило Ракана, ликовен критичатр од Париз.

Блажес развива еден концепт за една нова серија на дела. За да го постигне тоа тој ја модифицира темата на „водниот елемент“, која претставуваше носечка оска во претходниот циклус, воведувајќи нов мотив – отпечатоци од дланка. Го нагласува користењето на основните бои во „Ленти“ – обоени површини врз кои веќе не се појавуваат само гранки од езерскиот предел, туку и јасни траги од човечката дланка. Ја зголемува употребата на смола, постигнувајќи ефект на „Повик да се погали делото“. Ја задржува и развива употребата на цртeжната мрежа, која е структурална база на неговиот сликарски јазик. Конечно, и не помалку значајно, тој го менува форматот на платното, зголемувајќи го до човечка димензија: 1,80 × 1,50 метри, вели Камило Ракана, ликовен критичатр од Париз.

Изложбата ќе биде отворена на 14 мај во 20 часот во големата сала на Музеј на Град Скопје и ќе биде содржана од 8 дела изработени во комбинирани техники, и една скулптура, изработени во 2024 и 2025 година.

Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот. Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наочаат во неколку приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија ,Романија и Автрија.

Г.М.