Членовите на Вики клубот од Охрид ќе работат на уредување стaтии на Википедија на македонски јазик, за секоја од ретките болести, со што ќе ја збогатат Википедија.  Тоа тие ќе го направат во соработка со Здружението за ретки болести.

По тој повод членовите на Вуики клубот од Охрид денеска во просториите на Црвен крст Охрид, остварија средба со Гордана Лолеска, активист во здружението „Живот со предизвици“.

-Овој процес се очекува да трае подолг период, а одредено заокружување би се очекувало на одбележувањето на Светскиот ден на ретките болести во февруари, идната година. – рече Наташа Неданоска, координатор на Вики клубот Охрид.

OhridNews