Канео Ресторан ја продолжува својата мисија во насока на промоција и развој на винската култура со очекуваниот настан – „Над Езерото“ – Охридски вински салон 2025.


Поттикнати од позитивната енергија која доминираше кај посетителите на минатогодишниот Above the Lake 2024, годинава очекуваме уште побројна посетеност. Ве покануваме заедно да ја издигнеме сцената на Долни Сарај со многу позитивна атмосфера и насмеани лица. Да се потрудиме заедно за овој настан за кој долго ќе се зборува, велат организаторите.
Настанот ќе биде збогатен и со настап на Агни Авшар квинтет.
Охридскиот вински салон „Над Езерото“ ќе се одржи на летната сцена „Долни Сарај“, на 16 август во перидот од 18:00-00:00 часот. Бројот на влезници е ограничен, а цена изнесува 1200 денари во претпродажба, 1400 денари на влез.

OhridNews














