Акцијаштво – предизвици и неопходни чекори, беше тема на тркалезната маса што на иницијативата на здружението на граѓани “Брег на младоста” од Охрид, пратениците Рубин Земон, Зеќир Рамчиловиќ и Панче Иванов (во својство на официјални предлагачи на закон), се одржа деновиве во Собранието.
На тркалезна маса, што се одржа во соработка со Парламентарниот институт, присуствуваа претставници на повеќе волонтерски организации од целата држава.
На настанот разгледани се можностите за формално-правна регулација на акцијаштвото како значајна волонтерска активност.
OhridNews