Членови, симпатизери, подржувачи на охридскиот акцијашки клуб „Брег на младоста“, меѓу кои учесници на возраст од 18 до 60 години, организираат работни акции во поплавените подрачја во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Охриѓаните кои ќе заминат ќе учествуваат во санација и ревитализација на просторните и животни услови.
– Нашиот поттик и мотив извира од заедничките цели, платформа и декларација на слични здруженија и клубови од Велење, Марибор, Загреб, Суботица, Бела Црква, Зрењанин, Кикинда, Белград, Смедерево, Краљево, Ниш, Бор, Сремска Митровица, Нови Сад, Лазаревац, Зеница, Бреза, Сараево, Подгорица, Скопје, Тетово, Битола, Штип и други места, асоцијации и поединци од Германија, Швајцарија, Франција и други земји, кои со љубов и почит ја споделуваат големата човекова идеја за солидарност и хуманост преку волонтерска активност и акција. Но, и од памтењето и историјата за вклученоста и несебичната помош во послеземјотресно Скопје во 1963 и годините после тоа и успесите при изградбата на водоводот Охрид – Метропол, патот Охрид – Ресен, на ископините на охридскиот амфитеатар, на телекомуникациски и други објекти и простори во Охрид и регионот, велат од клубот „Брег на младоста“.
Работните акции ќе се реализираат со поддршка од локалната самоуправа, владиниот сектор и невладините организации.
OhridNews