После успехот на ликовната секција со проектот „Модна ревија – креации од хартија“ кој доживеа позитивна критика од охридската јавност, па и пошироко во Македонија, учениците на охридската Гимназија под менторство на професорката Катерина Слатинова, успешно се претставија и на традиционалниот прилепски карневал „Прочка“ со маска која ја изработуваа околу две недели.

Нивната маска „Анонимуси“ инспирирана од хакерската група „Anonymous“ кои се борат за правда во светотво силна конкуренција наоколу 200 пријавени маски и 2000 натпреварувачи, ја освои третата награда за групна модерна маска.

Овој успех секако ќе претстатавува поттик за учениците и нивниот ментор да продолжат и натаму со работа за континуитет на постигнатите добри резултати.

OhridNews