Охридските атлетичари не отпатуваа на Европскиот куп во Словачка
22.06.13 13:46
На Европскиот Куп за сениори-ки кој се одржува на 21 – 22.06.2013 г. во Бајнска Бистрица, Словачка повиканите во атлетската репрезентација од АК “Охрид” 4 сениори (Славчо Мирчевски, Блаже Љушев, Христијан Алачоски и Ѓоко Јандриески) и 4 сениорки (Јулијана Велјаноска, Марија Цветаноска, Ангела Секулоска и Ивона Димитриеска) нема да земат учество во Купот.
Причина за тоа е што деветтиот член од АК “Охрид” кој иако е санкциониран беше повикан од актуелниот селектор Ѓорѓи Вучков, веројатно со одобрение на претседателот на АФМ Крсто Серафимоски.
Управниот одбор на АК “Охрид” правовремено даде приговор во писмена форма за казнетиот атлетичар кој нема право на учество на домашен и меѓународен план, но за тоа не доби никаков одговор од АФМ. Тука беа жртвувани осум атлетичари-ки, членови на АК “Охрид” за еден казнет атлетичар.
Заедно со атлетичарите, тренерот на АК “Охрид” Влатко Димитровкој исто така беше повикан, не отпатува во Словачка со репрезентацијата бидејќи АК “Охрид” есо став да не учествува на Купот во Словачка при вака создадените услови.
Со четири натпревари вечерва продолжуваат возбудувањата на 28 издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино За разлика од претходните натпреварувачки денови, недел...
ГРК Охрид со пехар го заокружи настапот на 54 Меѓународен ракометен турнир во Струга Охриѓани во финалето го совладаа Вардар 1961 и го одбранија трофејот освоен минатата година По завршувањето на ф...
Ракометарите на Охрид се победници на 54 издание на Меѓународниот турнир во Струга Во финалето што се одигра вечерва на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“, Охрид славеше во драмати...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.