Охридските атлетичари успешно одговорија на обврските кон националниот дрес кои изминатиов период ги имаа на домашни и меѓународни натпревари.

На 21 и 22 јуни Марија Јованоска на Балканското првенство за младинци и младинки се закити со бронзен медал во дисциплината штефата 4*100 метри, додека активно учествуваше на 200, 400, штафетата 4*400.

Дејан Ангелоски избори најдобар пласман од македонските атлетичари на Европското првенство во младинската конкуренција, кое се одржа на Водно. Ангелоски во голема конкуренција се пласираше на 26-то место.  Мора да се напомене дека сениорите во знак на револт кон луѓето кои ја водат Атлетската федерација на Македонија истрчаа заедно без некој посериозен резултат.

Дел од македонската репрезентација беа сестрите близначки Елена и Емилија Лазорска, кои завршија на 41 односно 42 место, но со големо акумулирано искуство за предизвиците кои престојат.

Фото-галерија:

 

OhridNews