Охридските бизнисмени им даваат „ишарет“ на потенцијалните партнери од Турција
30.06.12 14:42
На бизнис-форум што се одржува во х. „Метропол“, петнаесеттина претставници на локалната бизнис-заедница од Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани во Охрид и фирми од Комората на турскиот град Менемен ги разгледуваат можностите за унапредување на соработката.
Организатори на средбата се Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора од Охрид, според кои форумот претставува исклучителна можност за проширување на бизнис-мрежата и за размена на искуства помеѓу компаниите од двете земји во насока на воспоставување поголема економска соработка.
– Преку вакви контакти сакаме да ги запознаеме турските компании со потенцијалните партнери во Македонија и можностите за водење бизнис тука, истакна Ацо Спасовски, координатор за регионални комори при Стопанската комора на Македонија.
Според Ружди Муфти, потпретседателот на Регионалната комора со седиште во Охрид, традиционална соработка, меѓусебното познавање и добро позиционираните производи од двете страни, се добар предуслов за унапредување на економската соработка и билатералната трговска размена.
Бизнисмените од турскиот регион Менемен најмногу интерес пројавиле за туризмот, потоа за македонското вино, млекото и млечните прозиводи и дрвната индустрија.
-Тука сме да ги разгледаме можностите и за извоз и за увоз, зеднички да работиме, произведуваме и да заработиме, истакна претседателот на Комората на Менемен, Јилмаз Гурал.
Вкупната надворешно-трговска размена на Македонија и Турција минатата година достигна вредност од 417,2 милиони долари, што претставува раст од 34,1 отсто во споредба со 2010 година. И натаму увозот од Турција многукратно е поголем и изнесува 343,8 милиони долари, наспроти извозот кој во 2011 година бележи пораст од околу 43 проценти и изнесува 73,3 милиони долари.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.