Охридските боксери доминантни на Државното првенство
27.11.23 12:01
Охридските боксери доминантни на Државното првенство во бокс што изминатиов викенд се одржа во Штип. Боксерите се бореа за титулата државен првак во категориите пионери, кадети, јуниори и сениори.
На ова првенство охридските боксери од клубот на „Алексо Огненовски” настапија со 8 свои натпреварувачи и притоа успеаа да обезбедат 7 финалиња. Во финалните борби подобри од своите противници, а воедно и државни прваци и освојувачи на златни медали станаа Петар Трајчески, Димитар Ѓорески, Енис Алиу и Жарко Јакимоски.
Покрај нив порази забележаа, Лука Грозданоски, Матеј Баткоски и Мартин Јузмески. Единствено, младиот Наум Стојаноски беше поразен во полуфиналните пресметки во еден екстра возбудлив и тесен меч. Покажувајќи ги својот огромен талент храброст и витештво тој успеа да ги придобие симпатиите и аплаузите на целата сала.
Следниот настап на охриѓани е на 2-ри декември во рамките на Опен Балкан купот во Зрењанин, соседна Србија.
Утрово 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината ИТ(53) од Република Белорусија Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на ...
Со богата културна, духовна и научна програма, од денес до 9 август, Охрид ќе ги одбележи 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна ш...
Најтешкиот и инженерски најкомплексен дел од автопатот Кичево – Охрид, во должина од околу 10 километри, ќе биде пуштен во употреба во следните неколку месеци, додека целиот автопат треба да биде з...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.