Охридските боксери Бојан Ристески, Сашо Лексароски и Илчо Јоноски како дел од македонската репрезентација ќе настапат на турнирот “Златен гонг“ кој в петок и в сабота ќе се одржи во Радовиш и Скопје.
Радовиш, за прв пат е организатор на ваков боксерски турнир, и ќе биде домаќин на полуфиналните мечеви в петок (16 ч.). За учество на меѓународниот турнир, се пријавени 46 боксери од осум држави: Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Словенија и Унгарија.
–
Потребно е оваа манифестација да се децентрализира со што ќе се поттикне развојот на боксот, кој во моментов стагнира, и во помалите градови. Потребно е повеќе општини да покажат интерес за организација на манифестации од ваков тип- смета директорот Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски.
Македонија на најстарата боксерска манифестација која се организира кај нас ќе ја претставуваат осуммина боксери и тоа Афет Хајредини (56 кг), Мендо Џеладин (60), Сашо Лескароски (64), Мартин Алексов (64), Бојан Ристески (69), Фатлум Жута (75), Илчо Јоноски (81), Синан Џеладин (81).
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com