Охриѓаните Сашо Лескаровски (64), Бојан Ристески (69), ќе бидат дел од македонската боксерска репрезентација која викендов ќе настапи на турнирот „Хакија Туралиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина.


Во составот ќе бидат супертешкашот Примислав Димовски, Вели Мумин (52 кг), Фатлум Жута (75) и Димитар Ташков (91). Со нив ќе оди селекторот Руждија Калач.

Со настапите на повеќе турнири македонските боксери се подготвуваат за европското и светското првенство. Европското првенство што треба да се одржи во Турција на програмата е во јуни, а Светското е закажано за септември. Светското првенство е значајно затоа што на него може да се освои норма за учество на Летните олимписки игри во Лондон 2012 година .

Ohridnews