Во спортската сала во Куманово викендов се одржа првото коло од екипното првенство на Македонија во бокс, со 37 боксери од девет клуба во три категории (сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција).

Настапија клубовите Шкупи, Тернипе и Чаир од Скопје, Баргала од Штип, Охрид од Охрид, Синди од Струга, Бранител од Битола, Шкендија бокс од Тетово и Фајтер Илери од Куманово.

Резултати, сениори:
(60 кг) Мендо Џељадин (Тернипе) – Роберт Мустафи (Фајтер Илери) 2-0,
(64 кг) Мухамед Кадриев (Баргала) – Николче Митевски (Ф. Илери) 3-0,
(69 кг) Бојан Ристевски (Охрид) – Висар Красниќи (Шкендија бокс) 2-0,
(75 кг) Даут Шакири (Чаир) – Алтин Скендери (Синди) 3-0,
(81 кг) Илчо Јоноски (Охрид) – Синан Џеладин (Тернипе) 2-0;
(91 кг) Петар Чаторковски (Охрид) – Димитар Ташков (Баргала) 2-0.

Табела: Баргала 18 бода, Охрид 12, Чаир 10, Фајтер Илери, 8, Синди и Тернипе по шест, Шкендија бокс, Шкупи и Бранител по два.