Изминатиот викенд во Скопје се одржа петтото коло од Бокс лигата на Македонија, на кое настапија и боксерите од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид. Тие остварија три победи во исто толку мечеви во официјалниот дел од програмата.

Победничката серија ја отвори Филип Мајкиќ, кој убедливо го совлада штипскиот боксер Езел Шабан од екипата на „Пинк Пантер“. По него настапи Давид Најдески, кој со нокаут во првата рунда го совлада боксерот од „АС Прилеп“.

Успешниот настап на охридскиот клуб го заокружи Михаил Аврамоски, кој со едногласна одлука го совлада Кристијан Штрков од „Пинк Пантер“ – Штип.

Во ревијалниот дел од програмата настапи и пионерот Тео Аврамоски, кој покажа солидно знаење и уште еднаш потврди дека е голем потенцијал на клубот.

Андреј Мајкиќ и Кристијан Стојаноски поради повреди не настапија во ова коло, информира БК „Алексо Огненовски“ – Охрид.

OhridNews