Охридскиот боксерски клуб „Алексо Огненов“ во одлично светло се претстави во претпоследната рунда од екипното првенство која се одржа викендов во Велес. Охриѓани зедоа учество со шест боксери, но четворица добија противници и се натпреваруваа во рингот.

Скорот на охридските боксери беше три победи и еден пораз. Победи и драгоцено бодови за клубот Алексо Огненов донесоа Сашо Петрески (пионери 49 килограми), Енис Алиу (пионери 52 кг) и Арсим Етеми (сениори 81 кг), додека поразен беше Имет Зулали во сениорска категорија до 60 килограми.

13-годишниот Енис Алиу.

 

За издвојување беше супериорната победа на 13-годишниот Алиу кој поседува огромен потенцијал за блескава боксерска иднина. Мотив плус за сите боксери беше присуството на новиот селектор Кубанецот Хесус Сојет, кој го правеше списокот за националниот претселекции во сите возрасни категории.

OhridNews