Преживеаните борци и поддржувачи на НОБ од општините Охрид и Дебрца, денеска ќе се приклучат на масовниот протест во главниот град, што го организира Сојузот на борците од НОВ во Скопје.
Тие се солидаризираа со колегите – соборци од земјава, кои во изминатиов период беа присилени да се иселат од работните простории. Како што истакнуваат охридските борци, протестот е искажување незадоволство од игнорантскиот однос на институциите кон НОАВМ.
Инаку, денеска навршуваат 69 години од одржувањето на февруарскиот поход во антифашистичката борба.
OhridNews