Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца со протестен марш во Охрид ќе изразат протест поради присилното иселување на Главниот одбор од просториите во Скопје. 
  
–  Со овој чин на флагрантно нарушување на правото на сопствен имот и на уставните принципи за правна држава, не само што се доведува во прашање опстанокот и дејствувањето на Сојузот на борците на Македонија во кој членуваат 6.000 преживеани борци и 14.000 продолжувачи и неговиот статус утврден со посебен Закон донесен од Собранието на РМ, туку се прави и грубо сквернавење на НОАВМ, на националните и антифашистички традиции на народот во Македонија, велат борците.

Протестниот марш во Охрид ќе се оддржи на 19 декември и ќе започне во 11 часот на градскиот плоштад, а ќе продолжи по чаршијата па десно по улицата “Димитар Влахов” до пред Гимназијата “С. Климент Охридски”.

OhridNews