Oхридските Бреинобреин генијалци се закитија со 2 трофеи и 4 златни медали на 15-от Интернационален Бреинобреин натпревар во Дубаи. Во силна конкуренција од преку 1800 учесници од 16 земји, кои се натпреваруваа во стекнатите знаења, вештини и мултитаскинг техниките од Бреинобреин програмата, претставниците од Македонија, 3 деца од Тетово, 2 деца од Скопје и 6 деца од Охрид, освоија 6 највисоки награди-трофеи и 5 златни медали.

Со самото запишување и станување дел од овој центар, им се кажуваат овие правила кои гледаме да ги испочитуваме до крај, дека на интернационалните натпревари ќе можат да учествуат навистина деца кои што максимално се вложиле во програмата, веќе покажале завидни резултати и како некој вид награда и мотивација да истраат во следење на истата во овие завршни нивоа, им се овозможува да бидат дел од овие интернационални натпревари, вели Кузманоска.
Билјана Николоска, тренер во програмата, посочи дека Интернационалниот натпревар во Дубаи бил прекрасно искуство за сите кои биле дел од тимот, пред се за нив како наставници односно инструктори, тренери, а успехот со учениците голема гордост, мотив и потик за тековната и понатамошна работа во Центарот за животни вештини Бреинобреин.
Како дел од тимот нашите ученици беа во можност да се соочат со учесници од сите држави, како и со нивната трема која што ја пренасочија во една позитивна мисла за при тоа да достигнат ваков голем успех. На некој начин ја докажаа својата доследност и посветеност на програмата. Дел од тимот и нашите најголеми поддржувачи се родителите на овие дечиња на кои сме беспрекорно благодарни, истакна Николоска.
Посочи дека ученици биле поделени во групи со оглед на големиот број учесници, а на натпреварот биле прикажани и интерактивни традиционални танци.
Ученици ја прикажаа својата мултитаскинг вештина, односно во Бреинобреин тоа го нарекуваме демо-презентација, каде што покажуваат како знаат да решаваат задачи и во исто време да читаат, или да пеат, или да прават било која друга мисловна вештина. Овој успех го прифативме со голема возбуда и со бура на емоции како одраз на нашата посветеност кон овие ученици, додаде Николоска.
Oхридските Бреинобреин генијалци на возраст од 10 до 12 години се едногласни дека имале голема желба да учествуваат на натреварот во Дубаи, не криејќи го притоа задоволството од освоените трофеи и медали.
- Деветто ниво сум, се запишав пред пет години. Од самиот почеток голем сон и беше да одиме во Дубаи на натреварот. Оваа година ја имавме шансата и ни се оствари најголемиот сон, рече Миа Тасеска.
- На овој натревар во Дубаи учествував со завршено десетто ниво. Решив 14 задачи и освоив пехар, рече Никола Ставрески.
- На натпреварот во Дубаи освоив златен медал. Ми беше желба да учествувам на овој натпревар и да освојам златен медал, рече Иван Костовски.
- Имам 12 години и на натреварот освоив пехар, рече Сара Рилкова.
- Започнав на Бреиобреин пред пет години, многу сум задоволен што добив златен медал, рече Кирил Зафироски.
- Многу сум среќен дека освоив златен мведал на 15-тиот Интернационален Бреинобреин натпревар, рече Христијан Глигороски.
Инаку, ученици од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид првпат имаат учествувано на светскиот БОБ натпревар во Дубаи во 2015 година кога за првпат натпреварот добива интернационален карактер,
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска




























