На еден од најголемите интернационални Бреинобреин натпревари во светот, кој се одржа на 26 ноември во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, во конкуренција на 10000 деца од 44 земји кои се натпреваруваа во стекнатите вештини и мултитаскинг техниките, сите 6 деца кои ја следат бреинобреин програмата во охридскиот Центар за развивање на животни вештини при Црвен крст Охрид, освоија вредни награди и признанија.

Охридските бреинобреин генијалци на јавноста ќе и се претстават на 1 декември, кога според најавите ќе бидат изнесени повеќе детали за натпреварот.

OhridNews