Претседателот на „Форца Египѓани“ Петрит Хусеин и лидерот на движењето ОПЕМ, Демир Далип, му ја честитаа победата на кандидатот за градоначалник од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“, д-р Никола Бакрачески.
Според нив, локалните избори поминале во фер и демократска атмосфера, а во името на охридските Египќани се надеваат на успешна соработка со новиот градоначалник и започнување процес на интерграција на оваа етничка заедница во општеството.
Исто така, охридските Египќани информираат дека и покрај притисоците, тие масовно ја поддржале кандидатурата на Бакрачески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
OhridNews