Невладините организации „Форца Египќани“, Движењето ОПЕМ и Невладината „Светла Иднина 2009“ незадоволни од спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор и интегративните процеси. Тврдат дека врз Египќаните , вработени по јавни претпријатија, се врши силен притисок и вознемирување за да учествуваат на протести.

 Поради тоа, од овие здруженија на Египќаните размислуваат на локалните избори 2013 во Охрид, како втори по бројност, да излезат со своја независна листа за советници и Независен Кандидат за Градоначалник, а во градовите Кичево, Ресен и Струга со независни листи за советници, информира Претседателот на „Форца Египќани“, Петрит Хусеин.

Во Охрид, како носител на листата се споменува Петрит Хусеин. Во  Кичево , листата ќе ја предводи Кадри Кундакчи, додека за Струга и Ресен, ќе се одлучи најдоцна во недела.

Во Охрид, како независен кандидат за Градоначалник, се спомнува името на Демир Далип.

Конечните одлуки се очекува да бидат донесени на седница на националното координативно тело на Египќаните.