Претставнци на Египќаните тврдат дека деновиве во Охрид се спроведува вистинска хајка против припадници на оваа етничка заедница, бидејќи наводно тие не гласале за политичката опција за која им било наложено да гласаат од одредени центри на моќ.

-Поради тоа Египѓани од Охрид деновиве се изложени на притиосоци навреди и разни понижувања – стои во дописот испратен до редакцијата на OhridNews.

Политички претставници на Египќаните најавија дека ќе поднесат кривични пријави против лицата кои вршат притисок врз граѓаните. Исто така ќе биде поднесена претстатавка до Народниот правобранител, а за случајот ќе бидат информирани и странските амбасадори во земјата и меѓународната заедница.

OhridNews