И по изминати 12 години од потпишувањето на охридскиот Рамковен договор, состојбата на Египќаните во Република Македонија, не е подобрена,сметаат охридските Египќани.

-Ниту еден  Египќанец  не е вработен, ниту е унапреден во институциите на системот. Има неколку вработени Египќани, согласно охридскиот Рамковен Договор, но кои претходно се произнеле како Албанци или како Роми, велат од Невладините организации,  Коалицијата ,,Светла Иднина 2009, ОПЕМ И Форца Египќани.

Оттаму, потенцираат дека се разочарани што не се исполнети нивните очекувања дека со потпишувањето на Рамковниот договор ќе се исправи , како што додаваат, неправдата кон Египќаните.

OhridNews