Нема политичка волја ниту од власта ниту од опозицијат да се реши прашањето на Египќаните оваа етничка заедница да биде вметната во Преамбулата на Уставот, сметаат политички претставници на Египќаните, кои во најголем дел живеат во Охрид. 
-Оваа приказна е веќе завршена. Египќаните треба да гледаат напред, да свртат нов лист. Ако пред 10 години ни забележуваа дека немаме доволно високообразовен кадар, денес ги имаме во голем број, а во нивните очи гледам очај, песимизам, бидејќи не им се дава шанса да се докажат, да напредуваат во кариерата, да се реализираат себеси и да го валоризираат сето она што го стекнале како знаење дипломирајки на државните факултети во Македонија. Тоа е тажно и неподносливо. Ние и де факто и де јуре, не сме дел од Охридскиот рамковен договор. Ако не е така, набројте само 1 вработен Египќанец по рамковен?-вели Демир Далип, кој се прокламира како претставник на десното крило на Сојузот на Египѓани. 
Според него Египќаните институционално треба да ја продолжат битката за своите права, и да не дозволат да бидат марионета за исполнување на политички амбиции на големите партии кои на нив се сеќаваат само за време на избори.
OhridNews