Десното крило на Сојузот на Египќани ја објави платформата на предизборно дејствување. Во неа се поместени барањата за интегрирање на оваа етничка заедница во општеството.
Меѓу другото Египќаните инсистираат на правична и адекватна застапеност во институциите на системот, доследно применување на Охридскиот рамковен договор, поддршка во едукативниот процес, спречување на дискриминацијата, подобрување на социјалниот статус и друго.
OhridNews