Учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ одржаа хуманитарен концерт наменет за соучениците чии семејства не се во можност да обезбедат средства за планираните школски екскурзии.
„Настанот се одржува веќе осма година и е со хуманитарни цели. На децата коишто не можат да си ги дозволат екскурзиите им помагаме во последниве неколку години. Околу 30-40 деца секоја година се опфатени со нашата програма за помош којашто им ја нудиме. Салата е полна со весели деца кои им помагаат на своите ученици и тоа е најважно“- изјави организаторот на настанот, професорот по латински јазик Стефан Каневче.
На хуманитарниот концерт учествуваа околу 70 гимназијалци кои настапија со пеење, свирење и играње. Темата на овогодинешниот концерт беше филмската музика, поради што го носи и името „Филмовизија“.
Фото галерија:
А.Момироска















































