На престижната Македонска математичка олимпијада (ММО) одржана на 12 Април, учениците од трета година од гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски“ се вратија со награди.
Ученикот Виктор Домазетоски се здоби со бронзен медал, додека Теодора Бујароска освои сребрен медал, со што автоматски обезбеди пласман на Балканска математичка олимпијада која ќе се одржи во Плевен, Бугарија, како и на Светската математичка олимпијада која во средината на јули се одржува во Јужноафриканската Република.
Инаку, по претходна селекција врз основа на резултати од другите натпревари, гимназијата ОСУ „Св.Климент Охридски” на ММО ја претставуваа: Милан Крстевски, Поликсена Тунтева, Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски.
OhridNews