По повод првиот ден од пролетта, вчера со низа на активности гимназијалците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ се приклучија на акцијата за разубавување на градот и училишниот двор.
Во рамките на проектот „Имплементација на конвенцијата за правата на детето во РМ“, во соработка со Младински совет и подржан од локалната самоуправа, беше организиран отворен – инфо ден, преку кој учениците правобранители ги запознаваа своите соученици за правата и обврските во училиштето, како и за начините на комуникација со учениците доколку некое право биде прекршено.
„Во двете згради, еккономската и гимназиската беа пoставени визуелни ознаки за дете правобранител, како и некои членови од Конвенцијата за правата на детето, и се делеа пригодни флаери. Со оваа активност беше извршена промоција на детето правобранител и неговата улога во училиштето. Целта беше да се зголеми видливоста а исто така и учениците повеќе да се запознаат со нивните права и обврски.“ – велат од охридската гимназија.
Исто така беше одржана и работилница за „Меѓуетничка интеграција“ во рамки на Проектот на УСАИД, кој целосно и безрезервно се ангажира за имплементирање на мултиетничките вредности во нашето образование.
Паралелно со овие настани се одржа и „Училишниот натпревар“ во спелување по англиски јазик „Spelling Bee“, на кој учествуваа 40 ученици од I до IV година. Од нив 6 ученици се квалификуваа за учество на Регионалниот „Spelling Bee“ и тоа: • Адриан Димитријески I 6 • Марија Маркоска – I-8 • Илче Грунче – II-11 • Емилија Петреска – III-5 • Марија Бошковска – IV-6 • Маријана Котоска – IV-8 .
OhridNews