Да се подигне еколошката свест и да се намали отпадот во училиштата е „ЕКО“ пораката, која денес ја испратија охридските гимназијалци во рамки на кампањата „Помалку отпад“. 


Според координаторот на проектот професор Славица Кичеец, кампањата се спроведува како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

– Проектот од годинава се воведува и во нашето училиште. Се реализира во соработка со здружението на граѓани ОХО „Млади репортери“ и Министерството за образование и наука. Денеска, средношколците од нашата гимназија на свој начин преку „Flash Mob“, се потрудија да ја пратат еколошката пораката до другите  – вели Кичеец.


Охридските гимназијалци со своја „Еко порака“

Проектот ќе се спроведува до април идната година, а ќе биде проследен со низа активности на учениците од охридската гимназија.

OhridNews