Холандската фондација “ВЛА-ДОБРО“ претпладнево на СРЦ “Атина Бојаџи“ донираше нова спортска опрема за младите охридски хокеари на трева од клубот “Стик“.


Охриѓани се подновија со дресови, палки за хокеј, топчиња, ранци како и пропратни елементи за што подобро функционирање на клубот.


– Денес сум многу срекен што можев да ги видам лицата на овие деца насмеани. Им благодарам на пријателите во Холандија, Роџер ван де Виер и Ерик ван дер Харст кои ја донираја оваа опрема на мојата фондација ВЛА-ДОБРО. -рече претседателот на фондацијата Владо Вељаноски.


Од охридскиот хокеарски клуб кој мака мачи да врзи крај со крај велат дека оваа донација ќе ги врати во живот.


 – Очајната финасиска состојба не доведе до помисла да се откажеме и да го ставиме во мирување клубот. Овој нов момент ни даде надеж дека може работите да се помрднат од мртвата точка и да продолжиме да го одржуваме хокејот на трева во Охрид – рече Тања Димитриевска од клубот “Стик“.


Холандската фондација која ја донираше опремата е формирана  во 2006 година со цел да им се помогне на народот во Македонија во поширока смисла на зборот, со секакви мали, разни проекти.


 – Ги повикувам државните но и локалните институци што повеќе да инвестираат во спорт. Има голем потенцијал во овај регион,но за жал многу малку се користи тоа – смета Вељаноски.


Од фондацијата велат дека нема да останат но оваа донација , туку дека и во иднина ќе продолжат да ги помагаат малите спортови.

М.П.