По новогодишните и божикните празници, охридските хотелиери се подготвени да ги дочекаат и гостите за дочекот на Старата нова година- Василица.

Како што информираат хотелиерите, најавени се  гости од неколку градови од Македонија.

Понудата на хотелите е различна. Во хотел „Гарден“ цената на тродневните аранжамни се движи од 99 до 288 евра, а за забавата за дочекот на Старата нова година ќе се погрижи групата „Антика“.

Во хотел „Силекс“,  каде традиционално секоја година прославата е збогатена со огномет и бројни изненадувања за гостите, се нудат еднодневни и дводневни аранжмани, чија цена изнесува 49 евра, односно 69 евра. Цената на вечерата за самиот дочек е  890 денари.Гостите ќе ги забавуваат „Лихнид бенд“ и Маријан Коцев.

Еднодневниот полуаранжман во хотел „Климетица“ изнесува 1950 денари со вклучен  дочек со неограничена богата вечера и неограничено пиење. Оние кои ќе се одлучат само за дочекот ќе треба да платат 750 денари.

Организирана прослава за Василица ќе има и во дел од охридските ресторани.

OhridNews